(ФОТО) Македонската пејачка ги пополни усните, а истиот ден подоцна стави и тетоважа!

31 Окт , 2017 Радио Милева

(ФОТО) Македонската пејачка ги пополни усните, а истиот ден подоцна стави и тетоважа!

Зголемувањето на усните е постапка за која се одлучуваат се поголем број девојки и жени, а на овој голем тренд не се имуни ниту нашите познати дами.

Една од нив е и пејачката Зорица Блажева или попозната како Зои Блаж. Шермантната Зои не практикува да сокрива дека ги коригирала, а тоа го прави дури и јавно.

Ова не е првпат таа да ги пополни своите усни за повпечатлив ефект, а во истиот ден нешто подоцна се одлучи и за уште една промена на своето тело, односно стави тетоважа на рацете.

Блажева има пракса на своите следбеници да им открива доста детали од приватноста, па така не пропушти да покаже и дека на рацете ги тетовираше зборовите „Family“ и „love“, кои цел живот ќе бидат врежани во неа.

Инаку, периодов пејачката е концентрирана и на работата со шминкањето, на која и пристапува се посериозно и има повеќе клиенти.

Новините на приватен поле ги знаеме, а што следи од неа на музички план, останува да видиме…

, ,


Comments are closed.