Мегафон Возбудливо...

(ФОТО) Македонска убавица во специјален фустан: Ниту банкарот не одолеа на Ангела во „Се или нешто“

(ФОТО) Македонска убавица во специјален фустан: Ниту банкарот не одолеа на Ангела во „Се или нешто“

Во популарниот ТВ квиз „Се или нешто“ за изминатите шест сезони се појавиле доста интересни натпреварувачи, но во новата седма сезона, студиото го красеше и 20 годишниот супер модел Ангела Василевска од Скопје, која вчеравечер дојде на ред за битка со банкарот.

Токму затоа, камерите често фокусираа во нејзината маркантна појава – убаво лице и уште повпечатливо тело за кое неодамна се врати од избор во Бугарија со титула токму за најубаво лице и тело од сите натпреварувачки.

Имено, за најважната вечер во „Се или нешто“ Ангела се појави во специјален црвено-син фустан, во боите на квизот и ги покажа своите долги нозе, витка става и убаво лице.

При запознавањето со Лила кажа дека квизот навистина ќе и послужи за промоција во кариерата.

Што се однесува на освоеното од банкарот, Ангела играше по своја шема, но за жал не беше толку среќна и успеа да му земе на банкарот само 4000 денари.

По завршувањето на квизот, згодната скопјанка се огласи на својот Инстаграм во врска со учеството:

-Не му земавме многу пари на банкарот, но беше незаборавна дружба и забава, напиша Ангела.

Инаку, Ангела Василевска околу пет години се занимава со манекенство и е дел од модното студио „Црнокрак“, а натпреварите за убавина се чест дел од нејзината агенда.

Таа е студентка при филозовскиот фекултет во Скопје, додека слободното време го користи за фитнес вежби, возење велосипед и дружби со семејството и најблиските.

To top