Радио Милева наше плејбој дете

Македонска секс бомба ги запали Германците: Сака да биде пејачка како Бијонсе, а ужива да се соблекува пиштол гола! (ФОТО)

Македонска секс бомба ги запали Германците: Сака да биде пејачка како Бијонсе, а ужива да се соблекува пиштол гола! (ФОТО)

Иако е родена Македонка, кај нас е речиси непозната се додека  не осамнаа нејзините голи фотографии кои ги направи за германското издание на машкиот магазин „Плејбој“.

Станува збор за атрактивната Емилија Михаилова (31) која е родена во швајцарското гратче Роршах, каде пораснала заедно со постарата сестра и родителите кои многу одамна емигрирале од Македонија во Швајцарија.

Иако има завршено за стоматолошка сестра, оваа атрактивна Македонка е посветена само на работата како модел, но и на пеењето.

Во германските и швајцарските медиуми беше актуелна поради учеството во шоуто за таленти „Германија бара суперѕвезда“ каде немаше многу среќа, иако жирито ја издвои меѓу десетте најуспешни.

Нејзината  фотосесија осамна и во германското издание на магазинот „Плејбој“ каде позира „пиштол“ гола на жешкиот песок во Јужна Африка.

Емилија сака да се облекува провокативно, нејзин музички идол е светски познатата Бијонсе, а пак на социјалните мрежи ја следат бројни обожаватели.

Во продолжение погледнете како изгледа на сцена кога пее, а и како изгледа во жешката фотосесија:

 

foto:GIULIA-LENA FORTUNA

facebook/instagram

To top