Под елката на нашта позната ТВ водителка Лила Филиповска оваа Нова година, а и за празниците по неа, се најдоа многу подароци, што за неа, што за нејзините верни обожаватели кои ја следат на социјалните мрежи.
Па така, откако се почести себе си со сандали од скоро илјада долари, а доби и многу подароци од пријателите за себе, дојде ред освен своите блиски пријатели и членовите на смејството, да ги израдува и да ги дарува и следбениците на Инстаграм.
Пред неколку дена една дама доби подарок парфем од реномиран бренд, а пак сега дојде ред и на најголемите обожаватели на Лила, припадниците од посилниот пол.
Лила не ги заобиколи ниту нив, а најсреќниот ќе добие подарок машки парфем со потписот на врвниот моден дизајнер Жан Пол Готје.
Како токму вие да бидете тој среќник и Лила да биде ваша Баба Мразица ќе дознаете на нејзиниот Инстаграм профил.