Дара Бубамара има влошено здравје, а поради таа причина мораше да заврши во болница.
Болеста ја спречи да го одржи настапот во Шведска, па преку видеопорака на Инстаграм им се извини на фановите и на организаторите на концертот и ги информираше дека нејзината здравствена состојба не е на завидно ниво.
„Здраво на сите! Би сакала да ве поздравам и да ѝ се извинам на мојата публика во Гетеборг. Нема да можам да го одржам концертот поради вирусот и високата температура што ја имам – 40 степени!“, вели таа.