Улогата на Кериман во хит турската драма „Парампарче“, актерката Нурсел Косе ја добива сосема случајно. Денес пак, веќе е ангажирана со нова улога во серијата насловена „Avlu“
Планот бил да се појави само во неколку епизоди, но поради својот темперамент и тоа што публиката веднаш ја прифати, Кериман ќе остане во серијата до самиот крај.
Како Кериман е сиромашна и напорна, но во реалноста Нурсел е вистинска фатална дама која не сака да биде во брак, па затоа е во долгододишна врска со својот помлад партнер.
Таа редовно го користи Инстаграм, а од профилот може да ја запознаете во едно сосема поинакво издание какво не сте навикале да ја гледате.
Деновиве објави ретро фотографија на која носи мини фустан од латекс и високи чизми, во улога на Бонд девојка.
Инаку, Нурсел навистина пред неколку години живеела во Германија, но сега нејзината дестинација е само Истанбул.