Редовните гледачи на кулинарското шоу „Брза кујна“ добро знаат дека шефовите Марк и Никола се маестрални во својата област.
Тоа го докажуваат секој работен ден со подготовката на брза храна за само 30 минути.
Но, дека овие двајца готвачи се многу повешти и креативни кога не е кулинарското шоу во прашање, кажеле многупати.
Концептот на емисијата е таков што мора да бидат експедитивни и рационални со намирниците и времето, но дека кога работат во ресторани кога камерите не се вклучени, нивната техника на работа и крајниот резултат се сосема поинакви.
За квалитетот на Марк и Никола говорат бројните натпревари и освоени медали, а ние во продолжение ви ја преикажуваме маестралната кулинарска магија на Никола Мишковски кога тој е на своето вистинско работно место.
Она што ќе го видите на фотографија, веднаш ќе препознаете дека непосредно е празник за сите сетила.
Секоја чест!