Радио Милева

(ФОТО) Катарина Грујиќ пред две недели ја раскина врската, а сега е заедно со овој фудбалер!

(ФОТО) Катарина Грујиќ пред две недели ја раскина врската, а сега е заедно со овој фудбалер!

Катарина Грујиќ се труди да го задржи приватниот живот во тајност, па така нејзината врска со бизнисменот Коста Обрадовиќ помина без јавни изливи на љубов, а пејачката кога дојде до раскинување тоа го сподели јавно.

Меѓутоа, таа ни тогаш не сакаше да навлегува во детали и да ги открива причините, подвлекувајќи дека нејзиниот приватен живот е нејзина работа.

Сепак, извор близок до пејачката открива дека Грујиќ повторно е во емотивна врска, како и дека овој пат нејзиното срце го освоил млад фудбалер.

Имено, како што тврди изворот, станува збор за Огњен Врањеш, 28 годишен спортист кој ги брани боите на фудбалскиот клуб АЕК Атина.

А поглед на неговиот и профилот на пејачката, доста зборува за тоа, а освен тоа што се „следат“ еден со друг, двајцата ги сменија профилните фотографии со иста од познат стрип.

Катарина и Огњен се уште не објавиле ниедна заедничка фотографија, но судејќи според објавите, и двајцата престојуваат во Атина.

To top