За љубов понекогаш не се потребни двајца, барем така е во случајот на екс-водителката Мелита Ракиќевиќ, која откако ја прекина љубовната врска, вниманието целосно си го посвети себе си.
Ако повеќето за дробро утро прво нешто што им паѓа на памет е убав и богат појадок, на Мели прва храна и се социјалните мрежи.
Па така штом ги отвара очите, се уште не станата од постелата, таа е со телефонот во рака за да го документира првиот поглед кон светот, секако по виртуелен пат.
Периодов омилена утринска акција и е „селфито“ за добро утро, особено она каде е повеќе или помалку расоблечена.
Овој пат по позната во долна облека за која напиша дека е во љубов со своето тело, сега понуди поглед кон себе во црн и проѕирен градник од тантела преку кој извираат бујните гради.
-Опасно е да имаш преголеми очекувања, напиша таа.
Затоа, доволно и е така лежерно да си позира и ужива, без да очекува врски и обврски.