(ФОТО) Јана Бурче на слатки маки: Мајчинство драстично ја промени – за првпат по породувањето покажа колку е физички сменета!

5 Дек , 2017 Радио Милева

(ФОТО) Јана Бурче на слатки маки: Мајчинство драстично ја промени – за првпат по породувањето покажа колку е физички сменета!

Деновиве Јана Бурческа која е тазе мама го промовираше синглот „Содом заедно со раперот кој се крие зад псевдонимот „Стиховен калибар“. Пејачката полека се враќа и на професионалните активности откако кон почетокот на месец октомври стана мајка и на свет донесе девојче кое го доби името Дона.

Јана не преферира да открива нешто повеќе за својата приватност, особено откако Евровизија заврши, а потоа направи свадба и се породи. Деновиве за промена е се почесто активна на социјалната мрежа Инстаграм, а откако покажа како го уредила домот во новогодишен амбиент, реши и самата да се снима и да го покаже своето лице.

Таа за првпат преку видео на кусите Инстаграм приказни покажа како плаче нејзината миленичка, знак кој можеби покажува дека ќе биде талентирана пејачка на мама.

Искусните мајки знаат да кажат дека првите месеци од раснењето на бебето се слатки маки за една мајка, а дека е максимално предана на своето бебенце, покажува и нејзиното лице кое е заслабено за разлика од порано.

Изгледа дека Јана нема проблем со килограмите по породувањето, туку напротив изгледа витко и свежо иако е во оние месеци кога ноќите не баш минуваат со цврт сон.

, , ,


Comments are closed.