Кога ги погледнете фотографиите на мајката на убавата Амал Клуни, ќе ви биде јасно зошто сопругата на Џорџ Клуни не излегува од дома додека не е „скоцкана“ како што треба.
70-годишната Барија Аламудин, мајка на 40-годишната Амал, е наградувана политичка новинарка и водителка, со кариера на Блискиот исток и во Велика Британија, а моментално работи како уредничка во компанијата “Media Services Syndicate”.
Бабата на близнаците на Клуни, Ела и Александар, ја посети ќерката и зетот во Њујорк, каде парот моментално престојува, а папараците кои секое утро ја фотографираат згодната адвокатка, подготвено ја дочекаа и госпоѓата која не ги разочара со својата појава.
Барија, која освен Амал има уште една помлада ќерка Тала, во посета дојде облечена во кежуал комбинација со исфенирана фризура и големи очила за сонце.
Со сиви тренерки виталната Барија облекла памучна маичка, а комбинацијата ја дополнила со пончо во крем боја со крзнен раб.
На нозете облекла сиви патики со сатенски детали, а од накит избрала блескави обетки со драгоцени камења.
Секако, комбинацијата не би била целосна без чантата од крокодилска кожа во темноцрвена боја.
Барија за Вог неодамна откри дека имала исклучително тешка бременост со Амал и дека дури ја советувале да абортира. Кога и се родила првата ќерка, нејзиниот сопруг Рамзи Аламудин ја нарекол Амал, што значи – надеж.