И додека сите мислат дека нема човек што би ја изневерил и би ја напуштил Никол Шерцингер, вистината е сепак поинаква.
Иако важи за една од најубавите и најзгодните пејачки на светот, таа и нема баш толку голема среќа во љубовта. Како што и самата призна, срцето и било скршено многу пати, а се чини дека по долг избор, конечно успеа да го најде вистинскиот.
Иако се мисли дека убавите и згодни жени можат сè, сепа вистината е дека тие се како сите други, и ретко се случува некој да не им го се скрши срцето, барем еднаш.
Познатата пејачка денеска конечно покрај себе има вистински маж кој ја сака како што заслужува. Никол и поранешниот рагбист Том Еванс (36) во моментов одмараат во Италија, каде таа го прослави својот 43 роденден.
Том сподели фотографии и снимки со Никол и и’ го честиташе роденденот со романтична посветеност.
-Се надевам дека твојот роденден беше убав и полн со љубов како што си ти. Те сакам многу, напиша поранешниот спортист.
Вистина е дека Шерцингер немаше многу среќа во љубовта пред Том. Таа имаше една посериозна врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров (30). Тие влегоа во љубовна врска на крајот на 2015 година, а раскинувањето следуваше во 2019 година. Наводно пејачката била таа што раскинала, бидејќи тенисерот не сакал посериозна врска со неа.
-Те сакав дури и во твоите најмрачни моменти, напиша Никол еднаш на својот Инстаграм. Подоцна се шушкаше дека Бугаринот исто така имал проблеми со верноста и дека ја изневерувал на секој чекор.
Слична беше ситуацијата и со нејзиното друго момче, возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, со кого беше во врска цели 7 години. Сепак, Хамилтон еднаш истакна дека причината за раскинувањето е тоа што не можел да ја гледа Никол често поради обврски.
Од друга страна, странските медиуми напишаа дека вистинската причина за раскинувањето е неговата љубов кон автомобилите.