Турскиот актер Бариш Ардуч вчера за првпат стана чичко во својот живот.
Имено, на социјалните мрежи се појави и првата фотографија која откри дека неговиот постар брат стана татко кој доби син кој ќе го носи името Аслан.
Ова е првото бебе во семејството Ардуч, откако неговиот постар брат Онур минатата година се венча со саканата Озге.
Фотографијата од болница ја објави Гупсе Озај, саканата на Бариш која напиша дека е среќна што со својот партнер станале чичко и тетка.