Како и секоја година, така и оваа, тимот на радио „Бубамара“ го позиционираше својот работен пулт среде еден скопски маркет, од каде традиционално за Нова година ги реализираат интервјуата во живо со јавните македонски фаци.
За импресиите, впечатоците, искуствата и желбите во Новата година зборуваа Дани Димитровска и актерот Кирил Поп Христов.
За Дани годината ќе заврши со задоволството дека го издаде албумот „Град за љубов“, а пак Кили повторно на свој терен како и секогаш доминираше со својата неповторлива енергија која не поминува како секојдневно клише.
Па така, одличниот тандем не само што ги забавуваше слушателите на радиото, туку направи вистинско шоу среде маркетот.
Кили ја покани на танц, а пак Дани секако не ја одби понудата и заедно заиграа за крај на старата и убав почеток на 2018-та година.
Направија да им биде интересно, забавно и да имаат уште еден драг заеднички спомен, а пак кај затечените предизвикаа насмевка и секако тема на разговор за тоа што виделе на пазарење.