Српските медиуми во чекор ја следат венчавката на пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ.
Ако во Лондон се крена фама за свадбата на Меган и Хари, овој пат тоа и се случува на Србија со свадбата на Живојиновиќ и Пријовиќ која како што беше помпезно најавена, така и започна.
Веќе осамнаа и првите фотографии од невестата која се појави во првиот венчален фустан со кој ќе се појави во црква. Првата венчаница е во А крој и со ултра длабоко деколте.
Прија има дијадема и вел на главата, како и бидермаер кој потсетува на овој кралскиот- случајно или не?
Инаку, невестата треба да смени неколку фустани, како што беше претходно најавено, а за истите наводно потрошила околу 30 илјади евра.