Поголемиот дел од нас патувањата најчесто ги резервираат за летниот период, додека оние во зима ги планираме за на планина.
Но, нашата популарната пејачка Елена Ристеска одлучи да ги спакува куферите и да направи промена во своето секојдневие и да замине на многу далечна дестинација на другиот крај на светот и со друго годишно време.
Имено, таа преку социјалните мрежи прати поздрав од Дубаи, замотана во шамија додека позира во летна облека на жешкиот песок.
Сепак, остана дискретна околу тоа кој и прави друштво и дали таму отиде работно или приватно.
Што следно ќе презентира Еленче од својата зимско-летна авантура, останува да видиме…