Покрај тоа што соработуваат музички, Елена Ристеска и Панчо од ДНК, се блиски колеги, но и пријатели приватно, а Еленче често знае да го нарече Панчо за свој брат.
А браќата и сестрите, може да си дозволат да се шегуваат меѓусебно…
Естетките корекции се доста актуелни периодов, а Панчо и Елена направија една оригинална корекција, со спротивен ефект од стандардните.
Панчо доби многу поголем нос и искрвено уво ама секако само виртуелно преку алатките на технологијата, само не вистински.
Фотографиите се најдоа на кусите приказни кај Елена која ги праша следбениците:Кој е лепотанов, да не знае некој?