„Животот е убав ако знаеш да го живееш“, „Само небото е граница“, по ова мото и девиза во животот се води фолк пејачката Џесика Палашоска која перидов ужива во летото на Бали.
Пејачкта знае што да си дозволи најдобро за себе, па не случајнo сред есен во Македонија го избра овој егзотичен топол крај од каде секојдневно објавува некоја примамлива фотографија.
Засега не откри кој и прави друштво, но затоа покажа како ги задоволува своите сетила со она што ретко може да го добие кај нас.
Имено, како што напиша под објавата, Џесика веднаш по пристигнувањето во ресортот каде е сместена, добила третман на нозете во вода со цвеќиња, а изведен од згоден господин.
За ова екстра задоволство не пропушти да се пофали и да каже дека овие моменти ќе ги памети засекогаш како подарок за добредојде.
Па која дама не би го посакала ова?