Парот се одлучи за активен одмор, а децата овој пат не ги поведоа со себе.
Згодната актерка, претприемач и мајка на заслужен одмор! Фотографиите од неа како се релаксира со сопругот на нуркање, пливање и уживање на плажа го обиколија светот, а исто така беа фотографирани и во бар каде се разладуваа со шарени коктели.
Ниту костимот за капење на славната мајка не остана незабележан, бидејќи за горниот дел избра шарен дезен, а наместо класичен долен дел, носеше пократки панталони за пливање. Тоа е доста популарно во Австралија, а производителот истакнува дека е удобно за носење, добро штити од сонце и погодно ја обликува фигурата, особено ако некој сака да скрие малку стомак. Без оглед на причината на Џесика за ова, мора да и се признае нејзината одлична форма и смислата за уживање во малите нешта.
Иако минатата година се пишуваше за кризата во бракот на славниот пар, се чини дека тие ги решија сите несогласувања и уживаат заедно во секоја минута. Самата актерка призна дека нејзиниот сопруг понекогаш „го зема здраво за готово“. „За некои луѓе подразбираме дека се секогаш тука и нема да заминат па затоа не ги третираме секогаш најдобро, нели? Не ги гледаме нивните чувства како што би ги гледале чувствата на другите луѓе. Така, мислам дека тоа секогаш е нешто на кое треба да се работи“, рече Алба и призна дека не ја знае тајната на среќниот брак. „Ако некој дознае, слободно нека ми јави“, се пошегува таа.