48-годишната латино дива секогаш блеска, посебно откако е среќно заљубена во својот партнер.
Секако, станува збор за Џенифер Лопез која вчеравечер беше ѕвезда на претставувањето на втората сезона на шоуто “World of Dance”.
Актерката и пејачка се појавила во ултра краток, бел фустан кој го потпишува ателјето “Ester Abner”, а во прв план биле истакнати нејзините нозе. Но, токму ваквата креација ги подели мислењата на модните критичари.
Додека некои сметаат дека на латино убавицата ѝ прилегаат сите модели на фустани, други сметаат дека таа треба да се држи до нејзиниот заштитен знак: тесен и долг фустан кој најдобро ги истакнува облините по кои Џеј Ло е позната.
Високите “Jimmy Choo” потпетици, накитот од сопствената колекција, совршениот коњски реп и шминката во земјени тонови одлично го надополниле нејзиниот стајлинг, а дали ваквите фустани ѝ прилегаат на пејачката, одлучете сами.