Денот на жената, 8-ми март, беше само повод плус за двете другарки и новопечени мајки, пејачката Тамара Тодевска и манекенката Катарина Ивановска, да се најдат заедно на голема женска караоке забава во домашна атмосфера.
А таму, се собраа многу девојки… секоја со својот интерес, дали кон играњето, пиењето, па и пеењето.
Тамара бидејќи имаше настап по домашното караоке, не посака многу распевање, па се фати за мобилниот за да ги снима останатите.
Во фокусот на нејзината камера беше токму Катарина која ја запеа „Уно моменто“ од Северина, а понуди и секси танц, да биде оригинална во стилот на пејачката.
Но вечерта не им заврши со караоке.
Подоцна сите се префрлија во скопскиот локал Станица 26, каде пак Тамара си го фати микрофонот во рака на целовечерен настап, а пак Каратина сега ја имаше улогата да снима од публика.
Се на се, кога ќе се спојат повеќе добро расположени жени, меѓу кои има одлична енергија, забавата може да биде само ваква.