За Елена Ристеска секој ден е создаден да сработи нешто ново кога е нејзината кариера во прашање.
За неа перманентноста е една од клучните нешта за успех на сцената, а по тоа мото се води повеќе од 15 години на домашната естрада.
Дееновиве пејачката повторно работи на нешто ново, но за да биде поинтересно и атрактивно, не ги откри сите детали, освен тоа дека снима нова фотососесија која наскоро ќе се најде на некој магазин.
Со помош на своите долгогодишни соработници, Елена блесна како вистинска ѕвезда во црн стајлинг од транспарентно здолниште, кое дополнително го зголеми нејзиниот сексапил и женственост.
Фотографиите ги најави на својот Инстаграм, а како ќе изгледа во финалното издание, останува да видиме за некое време…