Деновиве Цеца Ражнатовиќ беше негативно критикувана поради својот избор на облека кога се појави во јавност облечена во тренерки и патики, а врз нив крзнена бунда.
Нејзината ќерка пак, Анастасија Ражнатовиќ важи за млада дама со добро изграден имиџ, но и таа покажа дека понекогаш може да изненади со необична комбинација на себе.

Имено, таа за потребите на една фотосесија се облече во романтично бело здолниште кое го спои со патики, но на тениски терен.
На прв поглед тоа изгледа сосема необично и несоодветно дури и за модна фотосесија.
Инаку, наследничката на Цеца се почесто е ангажирана во модни ангажмани кои изгледа се најзина слабост.
Неодамна се фотографираше во венчаници, а сега пак „глуми“ ексцентрична спортска дама.