Поп ѕвездата Бритни Спирс, по скандалите кои ја следеа, конечно е срeќна и задоволна.
Бритни моментално ужива во љубовната врска со значително помладо момче, професионален тренер и модел Сем Асгариј, кој има 23 години, а од Бтирни е помлад дури 12 години.
Сем заедно со семејството од Иран се доселил во Англија, а со Бритни се запознале во 2016 година на снимањето на спотот за нејзината песна „Slumber Party“.
Веднаш си се допаднале еден на друг , а Сем ја искористил приликата и и оставил број на пејачката, а Бритни го побарала по извесно време.
-Го сочував неговиот број и се чувствував чудно, пет месеци подоцна со најдов во торбата и помислив „ова момче баш е слатко“. Така се одлучив да го поканам на состанок и од тогаш сме заедно, изјавува таа за „US Weekly“.
Бритни на спортски натпревар заедно со Сем ги понесе и синовите, па сите заедно уживаа, а пак папараците ловеа и ловеа кадри од нив.