Кога е во прашање музиката таа е неприкосновеното македонско девојче кое ги воодушевува сите возрасни генерации.
Веќе знаете, станува збор за дамата која повеќето милуваат да ја наречат и македонската поп принцеза – Каролина Гочева.
Минатата година и се случи важен момент во живот, стана госпоѓа и сопруга, потоа го издаде новиот албум „Извор“ со кој руши рекорди со одржаните концерти освoјувајќи ја публиката.
Во меѓувреме не го запостави ниту својот приватен живот. Посети неколку атрактивни дестинации и изгради нови спомени со саканиот Михо.

Освен тоа започна и нова соработка со познати модни брендови за кои изминатиот период покажа дека е совршено заштитно лице во нивните модни кампањи.
Деновиве беше објавена уште една нова фотосесија во која таа е божествена цветна кралица.
Во ова издание Каролина изгледа урбано, тренди и минималистички во стајлинг кој целосно го отсликува нејзиниот сензибилитет, а тоа се препознава и во дозата на енергија и шарм со кои позира и ја носи облеката.
Како изгледа она што го опишавме, гледате од фотографиите во продолжение изработени од Лилика Стрезоска, додека моделите се на MAX&Co и Magnetic.




фото:фејсбук