Кај Лила нема лабаво, особено кога изгледот е во прашање. Кога жена ќе намисли како треба да се облече, ништо во тоа нема да ја спречи, па дури ни зимата и студеното време.
Ако дома шета по топлинки, кога доаѓа ред да излезе надвор, за Лила како да нема зима.
Како дама која внимава на линијата и постојано е во сала за вежбање, а со тоа го јакне и имунитетот, таа нема проблем да излезе во град боса и без хулахопки под фустанчето.
Епа, секоја чест на храброста, а се надеваме дека по ваквиот храбар потег, нема да настине!