Антонела Рокузо, сопруга на славниот Лионел Меси, оправдано ја сметаат за една од најубавите сопруги на фудбалерите, а вчера допатувала во Катар за да го бодри својот сопруг од трибините.
Антонела објавила фотографија на Инстаграм на која се гледа како ужива во друштво на најдобрата пријателка Софија Балби, сопруга на уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез.
Сопругата на Меси во оваа прилика носела фустан на познатиот калифорниски моден бренд „Ispace“. Фустанот е во портокалова боја, со прерамки и изрез на горниот дел од стомакот, а неговата цена изнесува 99 долари.
View this post on Instagram
Антонела повторно доби комплименти на социјалните мрежи, а фановите истакнуваат дека таа е секогаш природна и насмеана и може да се пофали со манекенска линија иако има родено 3 деца.
Антонела го запознала Меси кога имале само 5 години бидејќи таа е братучетка на негов пријател од детството, фудбалерот Лукас Скаглија. Парот се венчаше на луксузна церемонија во 2017 година, по повеќе од 10 години врска и има 3 сина.