Холивудската актерка Анџелина Џоли (42) се појави на БАФТА наградите во Лондон и со својата појава ги засени присутните.
Таа за оваа прилика избра елегантна црна тоалета, а кога се сврти со грб, луѓето го видоа она што не го очекуваа.
Имено, големите тетоважи фрлија сенка на изгледот и елеганцијата, а иако е познато дека е љубител на тетоважите, овие досега не беа познати.
Како што пишуваат модните критичари, елеганцијата и убавиот фустан „паднаа во вода“ поради шарениот грб.
Foto: Profimedia