Александра Радовиќ реши да се подмлади и направи нова фризура со која изгледа драстично поразлична.
Пејачката се одлучи за шишки кои се хит оваа сезона, а со нив изгледа доста помладо. Имено, со ваквиот нов изглед пејачката се појави во најновото издание на ТЛЗП каде е член на жирито, па на прв поглед ќе помислите дека е друга личност.
Освен шишките, Радовиќ ја промени и нијансата на косата, па сега е во русокоси. Како ви се допаѓа?