Александра Пријовиќ веќе долго време ужива во врската со Филип Живојиновиќ.
Меѓутоа, ретко кој се сеќава дека Прија на почетокот од кариерата беше во врска со колегата Амар Гилет Јашарспаниќ.
Имено, тие двајцата ја започнаа романсата додека се натпреваруваа во „Ѕвездите на Гранд“, а нивната врска беше доста бурна, па по бројни раскинувања во 2013 година ставија точка на романсата.
Оттогаш пејачката работеше на својот глас и на својот изглед, па денес е речиси невозможно да се спореди „старата“ со новата Александра, а дури и вкусот за мажи и е различен.