Мегафон „новото нормално“ во фудбалот

Формирана новата фудбалска „Суперлига“ на супербогатите: ФИФА и УЕФА во паника, со закана за драстични санкции за клубовите и играчите

Формирана новата фудбалска „Суперлига“ на супербогатите: ФИФА и УЕФА во паника, со закана за драстични санкции за клубовите и играчите

„Најдбрите клубови, најдобрите играчи, секоја недела“, гласи слоганот под кој е формирана новата Суперлига која во фудбалот ќе донесе големи промени.

До сега учеството го потврдија 12 клубови, а се чекаат уште осум клуба да ги пополнат осумте празни места.

Во Супер лигата ќе се натпреваруваат: Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер и Јувентус. Уште осум клуба треба да им се придружат подоцна.

За претседател на Супер лигата е избран првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, потпретседатели на турнирот се претседателот на Јувентус, Андреа Ањели и сопственикот на Манчестер јунајтед Џоел Глејзер.

Форматот е од две групи од по 10 екипи. Екипите ќе играат 18-23 натпревари во текот на сезоната. Натпреварите ќе се играат во средината на неделата. Новиот турнир се очекува да започне во август 2021 година.

Секој клуб кога ќе се приклучи на Супер лигата ќе добие 350 милиони евра.

ПСЖ, Баерн и Борусија Дортмунд имаат јасен став. Нема да играат во новата Суперлига и остануваат со УЕФА и ФИФА. ПСЖ и да сака во никој случај во овој момент не може да оди против УЕФА и ФИФА.

Првобитнит план на основачите веројатно бил тука да се уште Баерн, ПСЖ и Борусија и така да имаат 15 фиксни учесници, а останатите 5 да се менуваат во зависност од резултатите во текот на годината. Меѓутоа таа идеја веќе не е во игра.

Не е објаснето кои критериуми се потребни за повик. Се претпоставува дека местата ќе бидат пополнети со клубови од најсилните пет првенства, а не се исклучува можноста организаторите да се водат по коефициентот на УЕФА што би било парадокасално затоа што УЕФА не го признава ова натпреварување.

Санкции од УЕФА веќе се најавени – нема Лига на шампиони и Лига Европа за учесниците во Суперлигата, а „жртви“ можат да бидат и фудбалерите на на клубовите на кои ФИФА која е заедно со УЕФА би им забранила настап за репрезентациите на Светско и Европско првенство.

To top