Мегафон Првото место пак исто

Форбс состави листа на најбогатите покојни славни ѕвезди

Форбс состави листа на најбогатите покојни славни ѕвезди

Американскиот пејач Мајкл Џексон е прв на листата на мртви ѕвезди со најголеми примања, листа спроведена од магазинот Форбс.

Џексон веќе петти пат по ред е на прво место на оваа листа. Неговиот годишен приход изнесува 75 милиони долари. Минатата година, музичарот кој почина пред осум години, заработил 825 милиони долари – повеќе отколку кога бил жив.

На второ место се наоѓа голф играчот, Арнолд Палмер, кој починал во септември минатата година и заработил 40 милиони долари. Трет е карикатуристот Чарлс Шулц чии стрипови “Чарли Браун” се објавувале 50 години и неговиот годишен приход е 38 милиони долари.

На четвртото место се наоѓа Елвис Присли кој заработил 35 милиони долари, додека на петото место се најде Боб Марли со годишен приход од 23 милиони долари.

изворточка.мк

To top