„Пилето ми пее“ е новата музичка фолк сликовница што ја издаде Фолконика. Сликовницата е дел од проектот „За инклузивна народна песна и соживот“, кој се реализираше во градинките, основните училишта и помеѓу младите со попреченост, во средното образование, во Општина Гази Баба. Сликовницата е изработена според истоимената македонска народна песна, а илустрирана со авторските ликовни дела на академскиот сликар Горан Боев. Во неа се содржани и страници за боење на народни инструменти и нотни записи и мелографија, како и текст, со што се добива ново едукативно четиво и во делот на ликовното, музичкото и литературно издаваштво за деца. Графичкиот дизајн во сликовницата е направен од Медија консалтинг и Мила Георгиевска, а музички соработник е Славејко Гиразов.
Во рамките на Проектот, беа одржани музички работилници, каде се презентираше македонската народна музика и музиката на останатите националности, како и фолклорната традиција, за да се запознаат децата со својата и традицијата на своите другарчиња.За младите, пак, со попреченост, да се доближи народната музичка традиција, на начин, да допре до нив, преку нивниот знаковен јазик, од стручните лица.
Проектот има основна цел да придонесе кон подобрување на состојбите во делот на едукацијата на децата за значењето и вреднувањето на народното музичко творештво, како симбол на националниот идентитет.
Исто така, овој проект придонесе во делот на достапноста на едукацијата за децата со попреченост, како и вклученоста на лицата со попреченост во изучување и зачувување на народното музичко културно богатство.
Проектот освен подобрување на инклузивноста, придонесе за подобрување на соживотот помеѓу децата и младите преку изучување на народната музика и културата на своите врсници. Проектот ги вклучи сите деца и млади, без предрасуди и маргинализација со крајна цел да се воспостави подобар соживот помеѓу децата и младите во заедницата.
Преку работилниците, децата, како и децата со попречености се воведоа, многу повеќе, во светот на народното музичко творештво и фолклорот, преку пренесување на пореална форма, поприфатлива за нив, со нивно активно учество, преку запознавање со народни инструменти, народни песни, преку запознавање со првите музички фолк сликовници, преку мотивирање на цртаат и да ја доживеат македонската народна песна, ставајќи ги пред нов предизвик, што е возбудлив за нивната возраст да илустрираат ликови од народните песни, како што тие ќе ги доживеат.
Воедно, можеа да се запознаат одблизу со нашите естрадни уметници, фолкористи, свирачи на народни изворни инструменти, со што добија подобра претстава за музичкото народно творештво и фолклорот.
Во рамките на Проектот, се реализираше и Награден конкурс за музички и ликовни дела, во чии рамки беа одбрани најдобрите, кои твореа на народни песни и фолклорни мотиви.
Промоцијата на сликовницата се одржа во Основното училиште „Григор Прличев“ Скопје, во Општина Гази Баба, каде беа изведени музичките дела на наградените ученици. Воедно, беа врачени и наградите и признанијата на најдобрите. Овој Проект, за дел од активностите, е поддржан од Општина Гази Баба.