Фолк пејачот Миле Китиќ реши да го копира раперот Драгомир Деспиќ, попознат како Десингерица.
Имено, раперот на своите настапи го изведува таканареченото „крштевање“. Тој ги удира луѓето од публиката со патика по глава, а самиот чин не е случаен, туку однапред закажан. Десингерица еднаш ни објаснил дека вака „истерувал ѓаволи од луѓето“, а Миле Китиќ сега реши да го испроба истиот метод.
На својот настап, Миле земал патика и почнал случајно со неа да ги удира луѓето по глава, а видеото наишло на општо чудење.
@xblknxx #fyp #viral #balkan #music #milekitic #desingerica #patika #nastup #klub ♬ original sound – BALKAN
Коментарите постојано доаѓаа, а многумина истакнаа дека ваквото однесување е непримерно и дека на погрешен начин го привлекува вниманието на медиумите и јавноста.