Радио Милева
полни раце работа

Фолкерката секогаш знае да ги стави рацете на вистинското место… и кога си го гали своето маче или туѓото га*е! (ФОТО)

Фолкерката секогаш знае да ги стави рацете на вистинското место… и кога си го гали своето маче или туѓото га*е! (ФОТО)

Марина Тошиќ е вистински балкански микс! Пејачката има српско потекло, а со години живееше и настапуваше низ Македонија, додека адресата на престој од пред некое време ја замени со Софија, Бугарија, а деновиве одмора на Халкидики во Грција!

Марина позната по својата „слобода на изразот“ кога е во прашање јавното покажување на телесните квалитети,  одморот максимално рационално го користи. Дење плажа, сонце, песок, море…, а, навечер добра забава… Како надвор, така и во хотелската соба!

Евидентно е дека на Марина никогаш не и е здодевно. Особено е извештена во манипулацијата со своите екстремитети. Овој пат горните, зашто Марина секогаш знае да ги стави рацете на вистинското место.

И кога си ја мести косата и коригира фризурата на плажа…

…И кога ќе ги заборави очилата за сонце…

…И кога си го мести горниот дел од бикинито во кое лежат немирните гради.

…Марина и кога не го држи микрофонот в рака, си наоѓа занимација за да има што да прави со рацете, па и кога е на плажа, додека е на лежалката, знае да ги стави на вистинското место. За случајно да не и изгори на сонцето она, што едвај го покрива долниот дел од бикинито.

Сепак, главната забава следува во хотелската соба… Таму Марина ја разбива досадата со тоа што знае како да спои убаво со корисно, а рацете се разбира одново и се на вистинското место: Овој пат, на главчето на мачето! Убаво погали го, за задоволно да ти преде!

Штом мачето престане да преде, Марина преоѓа на нова играчка, па се префрла од своето маче, на туѓото га*е. Зашто, како што е познато,  штом го начека разголено, тешко му одолева!

А, кога Марина ќе го зграпчи, возбудата мора да е голема, а задоволството обострано!  Барем, се’ додека фолкерката има полни раце работа!

 

 

 

Останати вести од Радио Милева