Битолската фолкерка Марија Луиса дефинитивно решила да биде „ѕвезда од насловниците“. Затоа сексапилната битолчанка обилно користејќи ги социјалните мрежи постојано наоѓа начин да биде во фокусот на медиумското внимание, при тоа вжештувајќи ја температурата, со секое свое ново разголено издание. Разголено, онолку колку што е дозволено, иако со секоја нова фото сесија или фотографија границата се’ повеќе се поместува, со што Марија наговестува дека во иднина ќе биде уште пожешка. Ако воопшто може да се биде таква, после голата серија црно-бели фотографии од хотелската соба.
На нив „македонската Северина“ во стилот на нејзиното „домашно еротско видео“ од пред некоја година, испружена на креветот, сликана пиштол гола ги почести со секси селфи своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи.
Тело со пропорции на топ модел и големата овална задница која доминира на фотографијата на голата убавица, која легната на стомак го прекрила гигантските силикони, па покрај „пиштол голиот фото акт“ во огледалото, споделила дека… „И огледалото најмногу сака секси девојки“!
Или кога би била убавица во „бајките за возрасни“, голата принцеза би прашала:
– „Огледалце, огледалце, кој е најсекси на светот?“
– „Ти Марија, блазе си му на креветот“!
Единствено изостана одговорот, дали оваа разголена убавина таа вечер сама ја туткала хотелската постелнина?
Но, затоа не изостана фолкерката пред истото тоа огледало да открие нешто друго, што сметала дека треба: Скриената тетоважа!
Многумина велат дека тетоважите се како сексот – да се истетовираш, а да не се пофалиш, исто како да не си се… тетовирал! Особено ако тоа е на чувствително место, кое не може секој да го види. Само „избраните среќници“… Но, Марија реши јавно да ја сподели со своите следбаници, па им ја покажа и на обожавателите и на хејтерите, па кој како сака нека ја сфати.
Она што евидентно може да се донесе како заклучок е дека пејачката со тетоважа под папокот, покажа зошто меѓудругото, треба добро да го владеете и јазикот! Од проста причина да знаете да прочитате на што сте, а и каква желба има дамата, ако случајно се најдете на програмата.
Се разбира за да бидете во можност да и ја исполните желбата, прв предуслов е да разберете што дамата посакува, па за многу да не објаснува, кај Марија тоа убаво си го пишува… Само на англиски!
А, за она другото…? И за едното и за другото, најважно е меѓудругото, добро да го владеете… јазикот!
Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska