Радио Милева
сама си го тури...?

Фолкерката Марија Луиса Тодоровска има нов прекар: Прво беше „македонска Северина“, а сега е… „идеална бивша“! (ФОТО)

Фолкерката Марија Луиса Тодоровска има нов прекар: Прво беше „македонска Северина“, а сега е… „идеална бивша“! (ФОТО)

Македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска доби нов прекар. Само што овој пат самата си го тури!

Имено, згодната битолчанка по пеењето најмногу ја знаат оние кои го практикуваат ноќниот живот, по локалите, кафеаните, ноќните клубови во Битола, но и низ Македонија, каде што Марија најчесто настапува. Сопствен репертоар – нема, ама затоа има нешто друго: пристоен глас, манекенски стас, бујни атрибути, нодолив сексапил, заводливп оглед и уште понешто,  што ја прави фатално привлечна.

Сепак, името на Марија Луиса одекна како бомба, по експлозијата на страсти на битолската „секс бомба“ во експлицитното видеоклипче што наводно се споделуваше по мобилната мрежа, кое многумина се колнеа дека го виделе со свои очи, други само слушнале дека постои, а веројатно само таа и уште една личност во него учествувале.

Сексапилната битолчанка  тогаш  објаснуваше дека не е во прашање никаква „експлицитна содржина“, туку само домашно видео на размена на страсти со бившото момче, кое тогаш наводно ја злоупотребило љубовната доверба. Што и да беше, пејачката Марија Луиса тогаш го доби прекарот „македонска Северина“. Можеби не направи кариера и не се стекна со слава како мегапопуларната хрватска колешка, ама сепак стана општопозната во македонската  јавност.

Сега атрактивната битолчанка е на добар пат стариот да го замени со нов прекар.

Имено, пејачката на својот инстаграм каде редовно споделува скокотливи фотографии, овој пат покрај нив сподели и скокотлив цитат. Не е нејзин, ама веројатно си го чувствува како свој, штом го споделила.

„Јас сум идеална бивша девојка, ниту го следам, ниту го барам, ниту додевам, ниту му го расипувам животот, сите за бивша би ме посакале“ – објави Марија Луиса.

Марија сподели и… сама си го тури! Новиот прекар, секако: „Идеална бивша“!

Можеби затоа сама, тажна и замислена е во автомобилот, на најновите фотографии?  Уште па и песната (к)ако и се погоди…?! „Иделна бивша“  – уште првото утро по „иделно“ проведената вечер!

Или можеби Марија Луиса знае како тоа се прави поинаку, за да биде како во песната што и се врти низ глава или на радио, сеедно…?

Останати вести од Радио Милева