Таа е една од оние македонски фолкерки на кои мајката природа покрај гласот и дала рамна снага и доволно сексапил, за да биде меѓу најзгодните и најатрактивните македонски пејачки. за останатото, Ирена Вељовска самата се погрижи, па она што не и се допаѓаше реши да го коригира. Така минатата година направи естетска корекција на носот во Истанбул, Турција.
„Сега се чувствувам подмладена, иако таа корекција не ми го смени карактерот. Се’ уште сум на истото ниво и во љубовниот живот и во кариерата. Љубовта кон себе прво ја буди внатрешната, а потоа и надворешната убавина. Изгледот е огледало на душата, а јас се чувствувам совршено во својата кожа“ – ќе изјави Ирена неодамна за Канал 77.
Дали токму тоа совршено чувство во сопствената кожа придонесе македонската пејачка да реши да покаже малку повеќе „гола“ кожа како нејзините колешки од соседството или Ирена сфати дека колку што музиката се слуша, толку и пејачката се гледа, па на денот на вљубените своите следбеници на социјалните мрежи реши да ги почести со нова фотосесија.
Атрактивната фолкерка објави неколку жешки фотографии на кои го понуди најдоброто од себе, кога е телесниот раскош во прашање.
Најпрвин ги сподели своите атрибути во проѕирно боди од црна мрежесата тантела со деколте кое јасно нуди на увид колку е бујна пејачката… Црно на бело или на голо тело, сеедно… Само микрофонот и е златен!
Еротската фотосеанса доби и втора шанса за пејачката да покаже што крие под белата, речиси и проѕирна кошула под која Ирена нема градник, па погледот сам паѓа на набрекнатите брадавици… Освен ако нешто не ве кочи, па место таму, пејачката не ја гледате право в очи!
Но, ако помисливте дека ова и е „огнено крштевање“ кога е нејзиното разголување во прашање – грешите. Токму за Свети Трифун и Валентин, Ирена Вељовска со една стара фотографија на која е сликана само по розови гаќички, легната на стомак на свилени бордо чаршафи, во секси поза, со чаша в рака се потсети на празникот на љубовта и виното.
А, под фотографијата расната фолкерка напишала: „Сликава е само за Трифун“… Ама затоа позата е само за…!
Впрочем, какво празнување, такво сеќавање!