Оние кои ја следат регионалната фолк естрада сигурно го паметат големиот фолк хит „Ала, Ала“ и неговиот изведувач, пејачот Сејо Калач.
Токму тој беше фатен како краде мобилен телефон на една безнинска пумпа во Загреб!

Јасно е дека момчето кое било на ред да плати на касата пред пејачот го остава својот мобилен телефон на пултот додека си ги плаќа соковите.

Кога ја платил својота сметка и го земал кусурот, момчето ги зема своите намирници и си заминува, а при тоа го заборава својот мобилен телефон. Сео Калач доаѓа до касата. Пејачот најпрвин го спушта пивото пред касиерот, потоа го поместува мобилниот кој претходниот клиент го заборавил, а потоа вади паричник за да ги плати конзервите со пиво.

По плаќањето на сметката, пејачот си го зема својот пијалак, ама и туѓиот мобилен телефон! Неколку минути поминуваат откако Калач плаќа и си оди, а младиот човек се враќа по својот мобилен уред. Фолкерот го искористи ова време, за му да го земе мобилниот, а на ова сведочи видеото кое беше снимено кон крајот на минатата година на бензинската пумпа во Загреб.