Радио Милева
песна со посвета?

Фолк на клавир и мускули на маса: Кој е тој што за Ирена Спасовска е толку „Посебен“? (ВИДЕО)

Фолк на клавир и мускули на маса: Кој е тој што за Ирена Спасовска е толку „Посебен“? (ВИДЕО)

Македонската фолкерка Ирена Спасовска не мирува кога се работата и кариерата во прашање, ама и „не седи мирна“ кога се работи за љубовта, емоциите и страстите…

Годинава предновогодишна фотосесија како секси бабамразица не направи, но затоа направи неколку малку поинакви фотографии и видео, на уште поинаква песна, различна од оние што сме навикнале да ги пее и во необична верзија – фолк на клавир!

До душа се работи за преработка, за кавер верзија на познатата тема „Посебан“ на српската пејачка Александра Младеновиќ, која покрај оригиналот, има исто така и своја акустична клавир верзија. Ирена по истиот терк реши да ја преработи или поточно отпее оригиналната верзија, која е во продукција и пијано придружба на Гога Вучиќ, а видеото на познатиот фотограф и режисер Тоше Јанев – „Јанус“. Прв од низата следни кавери што следат, како што вели самата Ирена.

Патем таа една од ретките македонски фолкерки, ако не и единствената која пред Нова Година ќе има настапи во неколку градови низ Хрватска! За највеселата ноќ ќе пее во Франкфурт, а за Василица (Стара Нова Година) во Италија…

Тоа е она што се знае за работната агенда на фолкерката, но она што не се знае, не барем во пошироката јавност, а само се насетува е приватноста на русокосата пејачка откако остана „соло“!

По многу нешта Ирена тешко дека е „соло“,  иако втората половина на „љубовниот дует“ е се’ уште тајна. Сепак, изборот на песната која ја преработи по се’ изгледа дека не е случаен, па нејзините стихови имаат посебно значење за пејачката и некому му се наменети, или поточно посветени?!

Од фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи може само да се насети, дека за Ирена сепак постои некој кој е „посебен“, а логиката на нештата упатува на тоа дека патот до „посебната љубов“ одново води во теретана!

 

Колку и да го крие неговиот лик и име, јасно е дека билдингот го качил адреналинот, ги зоврел хормоните и распалил страстите… Па, како што „на лагата и се куси нозете“ и на љубовта и е „куса таинственоста“, па каде и да е, бргу ќе излезе на виделина кој тоа за Ирена Спасовска е толку… „Посебен“?

Останати вести од Радио Милева