36. издание, на „Фолк фест Валандово 2023″ годинава ќе се одржи на 28 мај (недела), со една натпреварувачка вечер, на која ќе бидат изведени 20 новосоздадени фолк композиции, кои на прес конференцијата одржана на 17 мај 2023 (среда) беа распоредени преку жребување.
На ревијалниот дел од натпреварувачката вечер, фестивалскиот оркестар ќе настапи со музика и во чест на починатиот бард на македонската фолк музика, Милан Завков. Награда за животно дело оваа година постхумно ќе се додели за Ѓоко Дончев, за се што сторил зад себе за Валандово и валандовскиот фестивал на новосоздадена фолк музика.
На 26 и 27 мај, на градскиот плоштад во Валандово ќе се одржат две предфестивалски вечери на кои ќе настапат реномирани изведувачи од македонската и балканската музичка сцена. На 26.05.2023 (петок) сопствен настап ќе имаат: Распеани валандовчани, Јоце Панов и Жељко Самарџиќ, додека пак на 27.05.2023 (сабота) ќе настапат: Ефто Пупиновски, Ана Бекута и Куку Леле.
Фолк Фест Валандово, игра историска улога во создавањето и зајакнувањето на македонскиот идентитет. Преку истиот се создава нова вредност и се продолжува традицијата, која е од особена национална важност.
Влезници за фестивалот, можат да се набават во Домот на култура 25Мај во Валандово.