Илјадници коментари за само неколку минути собра веста дека популарната бугарска фолк пејачка Преслава ќе има бебе. Иако одамна негираше дека е бремена, таа конечно призна дека ќе стане мајка.
На социјалните мрежи, пејачката напиша: „Стегнете ги ремените, бебето доаѓа!“ и стави неколку хаштази со веста дека чека бебе.
Од минатата година Преслава е во врска со бугарскиот бизнисмен Павел Лазаров, кој е таткото на идното дете. Тој веќе има едно дете од својот брак, додека за Преслава оваа ќе биде прво чедо.
Фановите веднаш и посакале лесна бременост, а таа им возвратила со категорична изјава дека ќе биде добра и посветена мајка.
Извор: Новините.бг
Фото: Принтскрин Инстаграм