Кит Харингтон(32) или попознат како Џон Сноу, е примен во установа во Конетикат нешто пред финалето на серијата „Игра на тронови“. Актерот наводно е сместен на рехабилитација поради стрес и употреба на алкохол.
“Кит одлучи да ја искористи паузата во својот работен распоред како прилика да се повлече на одредено време и да поработи на решавање на некои лични проблеми”, стои во соопштението.
Благодарение на “Game of Thrones” во која го играше Сноу чии потези во последната епизода беа најголемо изненадување за целата серија, целосниот анонимус Харингтон стана планетарно познат.
Додека во соопштението не се наведуваат причините за неговата криза, “The New York Post” објави дека актерот тешко го погодило завршувањето на работата на серијата и дека се наоѓа на рехабилитација поради стрес, исцрпеност и проблеми со алкохолот.
Кит за еден познат медиум неодамна изјави дека во почетокот тешко се справувал со славата и “застрашувачкото” внимание кое му го донела серијата.
“Кога станувате главен во ТВ серијата, која тогаш е на самиот врв, а фокусот е на вас, тоа е застрашувачки”, истакнал Кит и додал дека морал да се чувствува како најсреќната личност на светот иако во реалноста се чувствувал многу ранливо.