Актерот Меколи Калкин, кого го сакавме да го гледаме во серијалот “Сам дома”, ги открива причините зошто станал зависник и го напуштил Холивуд.
Некогашното филмско чудо од дете и златното дете на Холивуд подоцна со тажна судбина, вели дека неговиот татко е виновен поради тоа што пропаднал.
Калкин, кој сега има 37 години, вели дека таткому Кит го малтретирал и психички и физички, постојано навредувајќи го. Му се заканувал со зборивите: “Направи го тоа добро или ќе те удрам”, а се мешал во се и сешто и по цел ден ја малтретирал филмската екипа со која Меколи играл, наредувајќи им како да ја работат својата работа.
“Се што мојот татко пробал да создаде во целиот свој живот, јас успеав до својата десета година, поради што беше љубоморен на мене”.
Најдобра работа која можела да му се случи е разводот на неговите родители во 1994 година. Меколи вели дека тоа бил прв чекор за негово заминување од Холивуд.
“Едноставно скав да се одморама, да размислам на свој начин дека сите околу мене сакаа да заработат пари на мене”.
На 15 години ги тужел своите родители бидејќи не располагале добро со неговите пари. Ги избришал како законски старатели и неможеле повеќе да го контролираат неговот богатство. Тој не негира дека западнал во проблеми со дрогата и алкохолот, но вели дека сега сето тоа е зад него.
Извесно време изгледал ужасно и се зборувало дека пробал да се самоубие, а уапсен е под дејство на опијати. Тој тврди дека започнал нов живот.
Еднаш бил во брак, а девет години се забавувал со глумицата Мила Кунис.
извор:сител.мк