Во пресрет на 96. доделување на филмските награди „Оскар“, во Националната опера и балет во среда (28 февруари) во 20 часот ќе се одржи првата Оскаровска гала вечер. Најубавите филмски песни наградени со „Оскар“ ќе бидат изведени од врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Национална опера и балет и Националниот џез оркестар.
Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев. Водителка ќе биде Миланка Рашиќ. Настанот ќе започне со црвен тепих во 19.30 часот.