Режисерот Квентин Тарантино бил ограбен во понеделникот вечерта кога во неговиот дом влегле крадци и му украдиле дел од накитот.
Грабежот на некој начин бил филмски, со оглед на тоа дека Квентин, како што пренесуваат американските медиуми, ги случнал крадците и успеал да ги избрка.
Имено, тарантино спилек кога им го слушнал разговорот додека влегувале низ прозорецот, а славниот оскаровец успал да ги изненади и избрка, но тие пак успеале да му земат дел од накитот.
Полицијата на Лос Анџелес сега ги разгледува снимките од надзорните камери од соседството , надевајќи се дека ќе го откријат идентитетот на натрапниците.
Потсетуваме, пред два месеци двајца крадци ја ограбија ќеркта на Меџик Џонсон и од нејзината куќа земаа „Ролекс“, накит и останати драгоцености, како и парите кои ги имала дома.