Филип Живојиновиќ, сопругот на пејачката Александра Пријовиќ и син на Боба Живојиновиќ, со години успешно се занимава со угостителство, но сега реши да се впушти во бизнис со кој досега не се занимавал.
Имено, младиот Живојиновиќ вложил повеќе од еден милион евра во снимањето на филмот „Троје“ , а сега е објавена најава за филмот кој наскоро ќе ја види светлината на денот.
View this post on Instagram
Она што на многумина им падна во очи е дека филмот на Живојиновиќ изобилува со експлицитни сцени.
– Вечерва настапуваме на Фест со нашиот филм „Троје“, кој го направивме како извршна продукција за „Аполон филм“. Им благодарам на сите прекрасни луѓе од сите сектори кои го овозможија овој филм. На нашиот феноменален тим, ви благодариме за сите прекрасни спомени што ги создадовме и честитки до сите. Посебни честитки до нашата „тројка“ Марина Ќосиќ, Игор Ѓорѓевиќ и Дамјан Кецојевиќ за несериските улоги кои воопшто не беа лесни. Браво за мојот пријател, партнер и брат Петар Пашиќ за маестралната режисерска работа – напиша Филип на својот Инстаграм профил.
По објавата на трејлерот, јавноста не преставнува да коментира и со нетрпение ја очекува премиерата.
фото:Инстаграм принтскрин/Филип Живојиновиќ