Семејството Живојиновиќ деновиве има доста поводи за славење. Имено, додека Филип прославува и се радува за новородениот син, и неговиот полубрат Стефан има повод за славење покрај раѓањето на внукот.
Стефан неодамна ја објави песната „Зло моје невино“ која наиде на позитивни реакции кај публиката и веќе има милион прегледи. Поради тоа Стефан, на некој начин стана „милионер“.
Песната најмногу им се домаѓа на припадничките на понежниот пол, а најмногу коментираат за одлично одглумените љубовни сцени.
Инаку, Стефан Живојиновиќ деновиве не излегува од студио и подготвува уште некои нови песни со кои ќе ја изненади публиката.