Пејачката Александра Пријовиќ го одржа својот прв спектакуларен солистички концерт во Сараево, откако четири пати ја наполни Арената во Белград.
Интересот за нејзината музика не стивнува ниту во регионот, а меѓу соседите настана толкаво бунило што Александра мораше да дојде во салата под полициски патроли.
Таа на сцената излезе и ги отпеа своите најголеми хитови, а по завршувањето на концертот доби порака за поддршка од сопругот Филип Живојиновиќ.
Утрото по настапот, тој се огласи на социјалните мрежи и сподели многу емотивна порака. На спотот додека Прија ја пееше песната „Девет животи“, која ја напиша, Филип со срце напиша: „Те избрав тебе… од срце“.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ата Имаџес