Младиот пејач Филип Пецовски кој на пошироката јавност и стана познат по одличниот впечаток што го остави со своето учество во минатогодишната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, ја сними својата втора песна. По дебитантската „Црн Ламбоџини“, еве го Филип со новата нумера која носи наслов „Хола мами“. Музиката и стиховите се негово авторско дело, со тоа што во пишувањето на текстот за песната му помогнал темелко Андреев кој го потпишува и аранжманот.
Но она што најмногу привлекува внимание покрај песната е секако прилично провокативниот видеоспот чиј комплетен автор е Владислав Гавриловски.
Во него заедно со Филип се појавуваат и неколку атрактивни девојки. Една од нив облечена во секси долна облека од бела тантела чорапи и жартиери, особено ќе ви го сврти умот, па откако ќе ги погледнете кадрите, нема да ви биде воопшто сеедно…
А како и би ви било, кога расната Климентина Тина Дукоска е вистинска секс бомба во креветот, во видеото на Филип. Провокативна, порочна, пожелна… атрактивната Тина го распослала сиот свој сексапил, покажувајќи ги своите раскошни телесни атрибути како главен адут во видеото, кое многумина одново го враќаат, за да го гледаат и по неколку пати.
Инаку оваа згодна девојка е позната по присуството во елитните места на скопскиот ноќен живот. Мераклика на ноќен провод, луксуз, гламур, скапи автомобили, егзотични дестинаци… на оваа убавица разголувањето не и страно.
Напротив, нејзините профили на социјалните мрежи изобилуваат со еротски фотографии…
Од оние од секојдневието и приватниот живот, до разголените пози од еротските фотосесии, како онаа пред објективот на уметничкиот фотограф Мики Николоски, на пример.
Но, иако очигледно обожава да се фотографира, расната Тина не е само модел и дама која единствено ја интересира животот на висока нога… Дипломатијата и политичките науки и се и едукација, а веројатно и крајна цел како животна определба во догледно време.
Токму затоа Климентина тргнала низ „чочек тунелите на животот“, за да излезе „на прав пат“, покажувајќи отворени симпатии кон владеачката партија и нејзиниот лидер Зоран Заев.
Впрочем, такво е и нејзиното животно мото кое убавицата го обзнанила на еден од своите профили:
„Обожавам нетрпеливи и упорни луѓе како мене. Или ќе го добиеме тоа што го сакаме на крај или ќе зае*еме се’ до крај!
Ве оставаме со нејзиниот избор и вашите претпоставки кави и се шансите за едното или она другото на оваа убавица, чија актерска ролја не пропуштајте да ја погледнете во видеото на Филип Пецовски во продолжение: